Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие земји се највлијателни во светот

Овие земји се највлијателни во светот

Резултатите за САД се со 24 процентни поени послаби во споредба со минатата година.

Се повеќе луѓе мислат дека САД немаат толку силно позитивно влијание на светската сцена, како претходно,  покажува новото истражување на Ipsos MORI. 

Во анкетата биле вклучени 18.000 лица од 25 земји, но само 40% од нив сметаат дека САД имаат силно или делумно позитивно влијание врз глобалните дела, резимира Statista.

Резултатите на САД се зад оние на Канада, која се смета за добар глобален пример меѓу 81% од испитаниците во светот.

САД се наоѓаат дури и зад Кина, откако резултатот им се намалува за 24 процентни поени во однос на минатогодишното истражување. Ова се должи главно на лидерството на претседателот Доналд Трамп и на зголемениот скептицизам кон неговите политики „Америка на прво место".

Канада, Германија и Франција се сметаат како релативно неутрални. Поради  сагата околу Брегзит,  57% од луѓето сметаат дека Велика Британија и Европската унија имаат позитивно влијание на светската сцена. Израел и Иран, исто така имаат позитивни влијанија односно за 32% и 21% од испитаниците.


Слично

Поврзани вести