Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие земји се најкорумпирани...

Овие земји се најкорумпирани...

Бугарија останува најкорумпирана држава во Европската унија (ЕУ) и во 2016 година, покажуваат резултатите од годишниот Индекс за перцепција на корупцијата на Transparency International.

Таа го дели 75-тото место со Турција, Кувајт и Тунис. Нашата земја е на 90 место. 

Грција е 69-та, Италија е 60-та, Романија е 57, Унгарија исто така е на 57-то место, Хрватска е на 55-то, а Словачка - на 54-то.

Од балканските држави прва е Словенија (31-ва). Србија е 72-ра, Албанија и Босна делат 83-тото место со други земји, а Македонија е 90-та. На 95-то место е Косово.

Русија и Украина делат 131-тото место со Казахстан, Иран и Непал.

На прво место на вкупната листа како најнекорумпирани држава е Данска (90 поени), потоа е Нов Зеланд (исто со 90 поени) и Финска (89 поени). Првите десет ги дополнуваат Шведска, Швајцарија, Норвешка, Сингапур, Холандија, Канада и Германија.

На спротивната страна на последното 176-то место, е Сомалија (10 поени). Јужен Судан е 175-ти (11 поени), а Северна Кореја - 174-та (12 поени). Сирија е 173-та, а Либија, Судан и Јемен ја делат 170-тата позиција.

Слично

Поврзани вести