Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие земји најмногу произведуваат сладолед

Овие земји најмногу произведуваат сладолед

Најмногу сладолед лани е произведен во Италија - 595 милиони литри, а зад неа е Германија со 515 милиони литри. 

Франција е зад нив со 453,5 милион литри, а потоа  следуваат Шпанија, Полска, Велика Британија и Белгија.

Романија и Грција се на 10-то и 13-то место. Романија има произведено 44,4 милиони литри сладолед минатата година, а нашиот јужен сосед - 37,3 милиони литри.

Целото производство на сите 28 земји членки достигнува 3,2 милијарди тони, а уделот на Италија е 19% од вкупната количина, на Германија отпаѓаат 16% и на Франција 14%.

Слично

Поврзани вести