Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие земји ќе бидат казнети затоа што не примаат бегалци

Овие земји ќе бидат казнети затоа што не примаат бегалци

Три земји ќе се соочат со казни затоа што не сакаат да згрижат бегалци. 

ЕК официјално започна кривични постапки против Чешка, Унгарија и Полска поради неисполнување на обврските со преземањето  на бегалците од Грција и Италија.

Одлуката на Еверопскиот совет за т.н. бегалски квоти е од 22 септември 2015 година.

Се планираше секоја земја-членка на ЕУ на секои три месеци да обезбедува места на своја територија, кои ќе се користат за сместување на официјално регистрираните бегалци  во Италија и Грција. Откако е донесена одлуката, Унгарија воопшто не се усогласи со неа, Полска не учествуваше во превземањето  од декември 2015 година,  не примила никого, ниту  пак дала податоци за прием на одреден број на луѓе.  

И Чешка е во иста ситуација како Полска од август лани досега. ЕК вчера официјално испрати писма до Будимпешта, Варшава и Прага, со кои ги известува дека започна кривични постапки. Ова  известување е првиот чекор во кривичната постапка. Чешка, Полска и Унгарија имаат еден месец за аргументирано да одговорат. Ако ЕК не ги прифати одговорите ќе испрати мотивирано мислење. Брисел прашањето ќе го достави до Европскиот суд. 

При пресудата во корист на Брисел и неисполнувањето од Полска, Чешка и Унгарија, ЕК може повторно да се обрати до судот и веќе тогаш да биде наметната финансиска санкција – еднократна или периодична односно да се плаќа глоба секој ден, додека соодветната земја-членка не ја почитува одлуката. 

Одлуката на Европскиот совет за бегалските квоти од крајот на септември 2015 година е усвоена со квалификувано мнозинство. Романија, Словачка, Унгарија и Чешка гласаа против, но не  ја  блокираа одлуката. Одлуката, ја поддржаа Полска и Бугарија. Треба да се прераспределат околу 160 000 мигранти.

Слично

Поврзани вести