Овие лекови кои ја намалуваат смртноста од коронавирусот
Смртноста од Ковид -19 сепак може да се избегне.
Систематска употреба на кортикостероиди кај пациенти со потешка или критична форма на коронавирусот може да помогне да се избегне смртен исход.
Ова е препорака на Светската здравствена организација.
Се покажало дека овие лекови ја намалуваат смртноста кај тие пациенти, според упатствата објавени денеска во медицинското списание BMJ.
Документот ги утврдува препораките по објавувањето на серија студии во американското медицинско списание „Јами“.
Смртноста кај пациенти со тешка форма на болеста е во просек за 21 процент пониска по 28 дена од земањето на лекот.
Кортикостероидите се единствениот лек што покажал значителен ефект во намалувањето на смртноста кај пациенти со Ковид-19.
СЗО претходно информираше дека трајно решение за вирусот можеби и нема да има, додека се тестираат вакцини.
Во светот со коронавирус се заразени 27.3 милиони луѓе.
Индија забележа повеќе од 90.000 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа и го надмина Бразил.
