Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие градови се „заглавени“ во сообраќаен метеж

Овие градови се „заглавени“ во сообраќаен метеж

Бангкок и Мексико Сити се градовите со најголем метеж во сообраќајот. 

Истражувањата на TomTom покажуваат дека од 2008 година, метежот на глобален план се зголемил за 23%

Главните градови на Тајланд, Бангкок и на Мексико, Мексико Сити се градови со најлош сообраќај, покажува истражувањето.  Компанијата собира годишно информации за својот Traffic Index, а за тоа се користи навигацијата која TomTom ја нуди на светскиот пазар.

Втора година по ред број еден е Мексико, каде што времето за патување во градот се зголемило за 7% во споредба со 2015 година.  Во сообраќаен метеж во Мексико Сити патувањето трае два пати повеќе во споредба со нормалниот сообраќај кој сам по себе е исто така исклучително оптеретен. 

Второто место го зазема Бангкок, каде големите гужви се задржуваат неколку часа. Аналитичарите велат дека ситуацијата во Мексико Сити и Бангкок не може да се поправи со изградба на нови улици затоа што возилата се премногу.

Место во топ 5 имаат уште Џакарта, Чонгкинг во Кина и главниот град на Романија, Букурешт.

Најмало е зголемувањето на сообраќајот во Европа и Северна Америка, а најголемо  во Азија, Африка и Океанија.

Слично

Поврзани вести