Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие две земји ја затегнуваат контролата на границата

Овие две земји ја затегнуваат контролата на границата

Германија и Швајцарија ги засилуваат патролите долж границата меѓу нив, за да не им дозволуваат на мигрантите да патуваат на север со прекршување на правилата на Европската унија за азил, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Асошиетед прес.

Швајцарија, која не е членка на ЕУ, станува важна транзитна земја за мигрантите кои го преминуваат Средоземното Море, пристигнуваат во Италија и сакаат да продолжат кон Германија и скандинавските земји.

Германското Министерство за внатрешни работи вели дека полицијата регистрирала околу 4.500 нелегални премини на границата кај Швајцарија меѓу јануари и август оваа година.

Оттаму велат дека двете страни ќе работат  за да спречат незаконското влегување на луѓе во Германија и да ги враќаат оние кои веќе се влезени.


Слично

Поврзани вести