Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВДЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Се е подготвено, се чекаат делегациите (ФОТО)

ОВДЕ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Се е подготвено, се чекаат делегациите (ФОТО)

Министерството за надворешни работи на Белорусија објави фотографии од просторијата во која ќе се водат руско-украинските преговори.

„Во Белорусија се е подготвено за почеток на преговорите. Го чекаме пристигнувањето на делегациите“, соопшти Министерството во 9 часот по локално време.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно изјави дека не очекува напредок во преговорите, но дека е подготвен да се обиде. Тој во неделата вечерта рече дека следните 24 часа се клучни за опстанокот на Украина.


Во текот на викендот, експлозии одекнаа низ Киев, но центарот на градот не беше гранатиран.

Жителите на Киев утрово биле известени дека можат слободно да ги напуштат подземните засолништа во кои престојувале во текот на викендот поради полициски час. Работата на продавниците е дозволена, а јавниот превоз повторно ќе почне да работи, иако метрото ќе сообраќа поретко од вообичаено.


Фото: твитер/Belarus MFA 

Слично

Поврзани вести