Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа земја распоредува војска на границата со Русија

Оваа земја распоредува војска на границата со Русија

Една европска земја ќе распореди вооружена единица на арктичката граница со Русија. 

Ова беше објавено минатиот петок. Норвешка планира и да купи тенкови и артилерија како одговор на зголемената опасност.

Министерката за одбрана на Норвешка,  Ине Ериксен Сореид, денеска при образложување на планот не ја спомена директно Русија. Таа изјави дека Норвешка во моментов не е соочена со конкретна воена закана.

„Безбедносната ситуација е сѐ  помалку предвидлива и со се повеќе предизвици. Тоа влијае на организацијата на војската“ - изјави Ериксен Сореид. 

Владата на Данска вчера објави дека во следните пет години сака да го зголеми одбранбениот буџет за 20%, како одговор на зајакнатата воена активност на Русија во источниот и северниот дел на Европа.

Тоа вклучува основање нова бригада од 4.000 војници, која би дејствувала во балтичкиот и нордискиот регион, би била опремена со против-воздушни ракети, тенкови, артилерија и противподморнички средства. 

Членките на НАТО, но и соседните држави се загрижени од амбициите на Москва, посебно по анексијата на Крим и руските копнени и воздушни воени вежби во регионот, пишуваат западните медиуми.

Слично

Поврзани вести