Оваа земја прифати најмногу бегалци, а расте побрзо од просекот
БДП расте двојно побрзо од просекот на еврозоната, а дефицитот се намалува поббрзо отколку што се очекуваше, пренесоа светските агенции.
Тие потсетуваат и дека во есента минатата година, во екот на бегалската криза, економистоте се грижеа околу иднината на најголемата скандинавска економија, додека 10 000 бегалци таму пристигувале секоја недела.
Малите јавни трошоци и поголеми приходи од даноци, укажуваат, дека Шведска оваа година би можела да биде во плус, според зборовите на главната економистка на Сведбанка, а уште оваа пролет се сметало како тоа не е можно пред 2019 година.
Прашањето, е знали следно: Како тоа да не се оствариле црните сценарија, иако Шведска примила најмногу бегалци, по глава на жител во ЕУ?
Од една страна, политиката на монетарно попуштање, а од друга страна доброто управување со јавни финансии, како и проблеми со имиграцијата, резултирале со силни економски показатели, е заклучокот.
Последица на се, е дека и во Шведска е ублажен стравот на јавноста од имигранти, и дека тој е на најниски нивоа во однос на 22 земји каде правел анкета Ипсос Мори.
„Лекцијата за критичарите на европската политикасо отворени врати-ако се управува добро со нив, таа може на сите да им помогне да напредуваат“, закчучува авторот.
Шведскиот пример покажува, смета авторот, дека оние кои заговараат фискален стимулс веројатно се во право. Имено, според достапните податоци, ланските екстра трошкови настанале поради приливот на имигранти, како нивно згрижување, така и образование за работа, придонеле на овогодинешниот раст на БДП од 1,3 постотни поени.
