Оваа земја направила огромен грабеж на криптовалути
Хакери од Северна Кореја можно е да стојат зад досега најголемиот грабеж на криптовалути на светот.
Минатиот месец е извршен хакерски напад на една од најголемите берзи за криптовалути, "Coincheck", од каде биле украдени криптовалути во вредност од 530 милиони долари.
Јапонските власти најавиле дека ќе ги истражат безбедносните мерки на сите криптоберзи во таа земја, за да се пронајдат сите евентуални безбедносни недостатоци кои го овозможиле нападот - или кои би овозможиле ист таков во иднина.
Северна Кореја е економски и политички изолирана. Аналитичарите сметаат дека оваа земја, соочена со последиците од меѓународните санкции, се обидува да дојде до криптовалути за да ги замени со потребните девизи.
Слично
