Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа земја е втора во светот по извозот на оружје

Оваа земја е втора во светот по извозот на оружје

Рускиот претседател,  Владимир Путин изјави дека за 2016 година, земјата успеала во странство да продаде оружје и воена техника во вредност од повеќе од 15 милијарди долари, објави весникот „Коммерсант”.

Тој потсети дека Русија го зазема второто место во светот по извоз на оружје, и првото место го отстапува единствено на САД.

Според истражувањето на весникот во текот на минатата година биле потпишани договори со Алжир, Виетнам, Кина и Индија. Во 2017 година Москва се надева да склучи нови зделки вредни милијарди долари.

„Руската воена техника се испорачува во 52 земји во светот”- истакна Путин за време на седницата на комисијата за воено-техничка соработка. 

Меѓу договорите склучени во 2016 година, кои вреди да се споменат, се договорите со Кина за испорака на воздухопловни мотори Ал-31Ф и Д-30КП2 кои се во вредност од над 1,2 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести