ОВАА РЕЛИГИЈА Е НАЈБРЗОРАСТЕЧКА: До 2070 година христијаните нема да се најбројни во светот
Истражувачкиот центар од Вашингтон ги презентираше податоците, според кои се предвидува дека муслиманите ќе бидат побројни од христијаните до 2070 година, затоа што исламот е најбрзо растечка религија во светот.
Во 2010 година 1,6 милијарда луѓе се изјасниле како муслимани, што претставува 23% од светската популација. Во 2017 година имало 2,2 милијарди христијани, што претставува 31% од популацијата, но во истражувањето пишува дека со оглед на тоа дека муслиманите имаат повеќе деца, до 2070 година исламот ќе биде мнозинска религија.
Скоро 62% муслимани живеат во Индонезија, Индија, Пакистан, Бангладеш, Иран и Турција. Се предвидува до 2050 година Индија да има поголем број муслимани од Индонезија, која сега се смета за најголема муслиманска земја.
Исламот официјално е најпризната религија во светот, затоа што христијанските нации неофицијално ја поддржуваат верата, стои во студијата на Истражувачкиот центар „Пју“ (PEW) од Вашингтон.
Во светот, 27 влади официјално го признале исламот, додека 13 го признале христијанството. Околу 40 влади признале некоја религија како државна, а 28 финансиски го поддржуваат христијанството.
Со анализа на 199 држави, утврдено е дека 43 имаат официјална религија, 40 имаат религија која ја преферираат, 106 земји немаат религија која поддржуваат, додека 10 се непријателски расположени кон религиските институции. Во овие 10 се Кина, Куба, Северна Кореја, Виетнам и некои поранешни советски републики.
Неколку држави се предвидува дека ќе имаат различно религиско мнозинство во 2050 година, покажа претходно истражувањето на американскиот истражувачки центар „Пју” кое и за Македонија наведе дека во иднина ќе има мнозинство муслимани.
Христијаните, се очекува да бидат под 50% од населението во Австралија, Бенин, Босна и Херцеговина, Франција, во Холандија, Нов Зеланд, Република Македонија и во Обединетото Кралство. Муслиманите во 2050 година се очекува да бидат над 50% од популацијата во 51 земја, меѓу кои и Македонија и Нигерија, покажа тоа истражување.
