Оваа европска држава станува ново бојно поле
Владата на Молдавија во ОНН ќе побара повеќе странски војници на своја територија.
Ова Русија го доживеа како тешка провокација.
Државниците ја следат состојбата во оваа земја која може да биде жариште каде ќе се судрат големите сили.
На територија на земјата има околу 300 руски војници. Конфликт со Русија имаат веќе неколку години откако на власт е прозападна Влада.
Власта во Молдавија сака да го смени курсот и да се насочи кон членство во НАТО и ЕУ.
Имаше провокативни изјави меѓу двете земји, а последен беше инцидентот кога на рускиот заменик премиер, Дмитри Рогозин не му беше дозволено со авион да слета во Молдавија.
Ситуацијата во регионот е напната, велат аналитичарите.
Слично
