Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oваа држава воведува данок за неработници

Oваа држава воведува данок за неработници

Од 1 октомври сите невработени лица ќе мора да најдат работа или да плаќаат данок. 

Ова ќе се воведе во Белорусија. Луѓето кои се без работа треба да пошумуваат, да прават огради, да чистат, вели претседателот Александар Лукашенко. 

Неговото инсистирање до 1 мај да се вработат сите невработени лица доведе до протести и бурни реакции. 

Затоа примената на овој закон беше одложена, а Лукашенко вели дека 300.000 луѓе неоправдано не сакаат да работат, и целта му е да ги натераат нив да работат и да живеат од својата работа. 

Се предлага оние кои се невработени да ги ангажираат во комуналните служби. 

Целта на законот е сите во земјата да работат нешто. 

Во Белорусија без работа се вкупно половина милион луѓе. 

Нив државата месечно им дава 10 долари, а мораат за возврат да се јават на сите акции на кои ќе бидат повикани. 

Слично

Поврзани вести