Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВA ВАЖИ ЗА МАЖИТЕ ОД 18 ДО 30 ГОДИНИ: Русија ќе регрутира 150.000 војници

ОВA ВАЖИ ЗА МАЖИТЕ ОД 18 ДО 30 ГОДИНИ: Русија ќе регрутира 150.000 војници

Русија ќе регрутира 150.000 војници. 

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за рутинска пролетна регрутација со која се повикуваат 150.000 граѓани да служат воен рок, наведено е во документ објавен на веб-страницата на Кремљ.

Mажите на возраст меѓу 18 и 30 години во Русија се обврзани да завршат едногодишна воена служба или еквивалентна обука за време на високото образование.

Во јули, Долниот дом на рускиот парламент гласаше за зголемување на максималната возраст на која мажите можат да бидат мобилизирани од 27 на 30 години. Новиот закон стапи на сила на 1 јануари 2024 година.

Путин во септември потпиша наредба да се повикаат 130.000 луѓе за есенското регрутирање. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Украина зависи од западната воена помош за да се бори против Русија. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија спрема офанзива и дека им е потребно оружје. 

Слично

Поврзани вести