Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oва се земјите со најмногу нуклеарни боеви глави

Oва се земјите со најмногу нуклеарни боеви глави

Најголем број на нуклеарни боеви глави во светот имаат Русија и САД. 

Русите имаат 7300 нуклеарни ракети, од кои 1576 се во подморници, а САД има 6970 нуклеарни боеви глави, од кои 1050 ги носат бомбардерите , а 2160 подморниците. 

Дометот на интерконтиненталните ракети е од 9000 до 11000 километри, а ракетите лансирани од подморница летаат од 6500 до 9000 километри. 

По Русија и САД најмногу боеви глави има Франција 300, а дометот е 13000 километри, додека Кина има 260 боеви глави. Велика Британија е на петто место со 215 боеви глави, кои се сметени во подморници. Нивниот домет изнесува 11000 километри, тврди „Телеграф“. 

Шеста нуклеарна сила на светот е Пакистан со околу стотина боеви глави, а зад оваа земја е Индија која  има меѓу 90 и 100 боеви глави. Северна Кореја има околу дваесетина боеви глави. Овие податоци се од воени портали. 

Слично

Поврзани вести