Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се условите на Путин за да разговара за крај на војната

Ова се условите на Путин за да разговара за крај на војната

Рускиот претседател Владимир Путин во разговорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претставил неколку проблеми поврзани со постигнување договор за прекин на огнот со Украина, изјави портпаролот на Ердоган Ибрахим Калин во интервју за турскиот весник Хуриет, пренесува Си-Ен-Ен.

Турскиот претседател понуди да ги донесе Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Турција за да ги олесни преговорите за завршување на војната. Додека Зеленски беше подготвен за средбата, Путин покрена прашања кои треба да се решат пред какви било преговори, објасни Калин.

„Прво е неутралноста на Украина, односно откажување од членството во НАТО. Второ, разоружување и меѓусебни безбедносни гаранции во контекст на австрискиот модел. Трето, процес што руската страна го нарекува „денацификација“. Четврто, отстранување на пречките за широка употреба на рускиот јазик во Украина. Рано е да се каже дека има целосен договор или дека договорот е блиску до потпишување“, изјави Калин во интервјуто.

Евентуалните преговори може да доведат до крај на војната, изјави турскиот портпарол

Калин додаде дека Путин поставил уште две барања кои се особено важни, а тоа се признавањето на анексијата на Крим и двете нови републики. Калин рече дека овие две последни прашања „не се прифатливи барања за Украина и меѓународната заедница“.

„Доколку се постигне договор за првите четири точки, може да има дискусија за петтата и шестата“, рече Калин, додавајќи дека преговорите потоа може да доведат до договор и крај на војната. Според Калин, Ердоган го повикал Путин на трајно примирје и ги понудил Истанбул и Анкара како места каде би можеле да се сретнат рускиот и украинскиот претседател.


Слично

Поврзани вести