ОВА СЕ СЛУЧУВА ПО ТРЕТ ПАТ: Франција целосно се затвора
По трет пат Франција целосно се затвора.
Франција влезе во својата трета целосна блокада од почетокот на пандемијата поради зголемениот број на новозаразени со ковид. Сите училишта и продавници кои не се неопходни ќе бидат затворени четири недели, а полицискиот час ќе важи од 19:00 до 06:00 часот секој ден. Францускиот претседател Емануел Макрон вети повеќе болнички кревети за пациентите. Најголемата борба во Франција е во одделенијата за интензивна нега, каде што се лекуваат околу 5.000 пациенти. Од вторник на граѓаните ќе им треба потврда доколку планираат да патуваат на повеќе од 10 километри од нивниот дом. Во Франција од коронавирусот досега починаа повеќе од 96.000 луѓе.
За Велигден и Италија три дена е затворена.
foto freepik
