Ова се прекрасни градови кои туристите ги заобиколуваат
Има убави, но помалку познати европски градови кои туристите ги одминуваат.
Се работи за градови во Италија, Шпанија, Германија, Франција.
Сеговија, Шпанија
Сеговија е позната по прекрасниот аквадукт кој датира од првиот век и тој е доволна причина зошто треба да го посетите овој симпатичен град. Треба да се види средновековната архитектура, од палатите и катедралите до манастирите и локалните таверни.
Нант, Франција
Нант е преполн со паркови и градини, а ширум Европа е познат и по некои од најдобрите симфониски оркестри во Франција. Некои градби се нови, како што е Палатата на правдата, а многу се историски, вклучувајќи ги некогашните магацини кои со текот на времето биле претворени во кафулиња и уметнички ателјеа.
Либек, Германија
Низ аеродромот во Либек, голем дел од патниците проаѓаат во текот на заминувањето за Хамбург, што изненадува бидејќи овој град се наоѓа на листата на УНЕСКО на светски градини и често се опишува како „Венеција на Балтикот”. Либек е преполн со средновековни градби и тесни улички, а во старото градско јадро се наоѓаат седум цркви, од кои најстари се Либечката катедрала и црквата Света Марија од 13-тиот век. Љубителите на слатките нема да можат да одолеат на марципанот по кој Либек е нашироко познат.
Бергамо, Италија
На малечките улички во Бергамо можете да пробате одличен сладолед, да се прошетате покрај рекичката Серио, а градот може да послужи и како одлична “основа” за истражување на Ломбардија.
фото Википедија
