Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се петте најљубезни земји на светот - таму е убаво да се живее

Ова се петте најљубезни земји на светот - таму е убаво да се живее

National Geographic ги избра петте најљубезни земји на светот каде е убаво човек да се пресели и да живее. 

Во топ пет спаѓаат Костарика, Уганда, Филипини, Оман и Колумбија. 

Во Костарика 79% од луѓето кои се доселиле се чувствуваат како да се дома. 

Трошоците за живот во последните 10 години се зголемени и кафето чини колку и во Лондон. Но, може да се најдат и градови каде можете да јадете по пристапни цени. Англискиот јазик се користи насекаде, а луѓето љубезно ќе ве дочекаат, ако видат дека го познавате и шпанскиот јазик. 

За Уганда 57% од доселениците дале високи оценки. Земјата има што да понуди, од прекрасни пејзажи до барови и ресторани. 

За на Филипини ќе ви треба англискиот јазик, а мештаните на островите љубезно ќе ве дочекат со желба да помогнат. 

Оман е една од најсончевите земји на светот. Иако трошоците за живот растат, сепак Оман е пристапна за живот ако се спореди со другите земји од Среден Исток. 

Колумбија е топла земја во секоја смисла на зборот. Оваа држава има мал број на родени странци на нивно тло. Кај нив е развиено земјоделството, така што овошје и зеленчук имаат преку целата година. 

Слично

Поврзани вести