ОВА СЕ ПЕТТЕ ГЛАВНИ УСЛОВИ НА ЗЕЛЕНСКИ ЗА ДА ЗАВРШИ ВОЈНАТА СО РУСИЈА - кога ќе се исполнат, Украинците седнуваат на преговарачка маса
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги постави условите за преговори со Русија, повикувајќи ја Москва да се придржува до Повелбата на Обединетите нации (ОН) и да плати компензација за загубите предизвикани од тековната војна, јави денеска Анадолија.
- Уште еднаш: повторно воспоставување на територијалниот интегритет, почитување на Повелбата на Обединетите нации, компензација за сите воени штети, казнување на секој воен злосторник и гаранции дека тоа нема да се повтори. Тоа се апсолутно јасни услови – рече Зеленски во својот говор на каналот Телеграм.
Зеленски, говорејќи преку видео врска на 27-та конференција на Обединетите нации за климатски промени, го повтори повикот за обновување на територијалниот интегритет на Украина, казнување на секој воен злосторник и обезбедување гаранции дека тоа нема да се повтори.
Претходно овој месец, претседателот на Украина рече дека неговата земја е подготвена да влезе во преговори со Русија само доколку руските трупи ги напуштат сите делови на Украина, вклучително и Крим и источниот дел на Донбас, кои Русија де факто ги контролира од 2014 година.
