Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се острови каде се забранува огномет - која е причината?

Ова се острови каде се забранува огномет - која е причината?

На Галапагос забранета продажба и употреба на огномет.

Локалните власти забранија продажба и употреба на огномет на архипелагот со цел да ја заштитат својата единствена фауна. Дозволен е огномет само со светлосни ефекти, но без звук.

Научниците предупредија дека голем број животински видови на Галапагос страдаат поради употреба на пиротехнички средства.

Најважни животински видови на Галапагос се морска игуана, џиновска желка, модроног сула, албатрос, морски лав, игуана, морска игуана, желка, зелена желка, морска краставица, корморан кој не лета, како и единствениот жив вид на тропски пингвини. На Галапагос живеат голем број автохтони видови. 

Кампањата против огнометот почна во 2017 година, а забраната за превоз на огномет на Галапагос, како и продажба и употреба, веднаш стапува во сила.

На Галапагос, каде живеат 25.000 жители, забранета е и употреба на пластика за еднократна употреба.

Галапагос е единствена покраина на Еквадор и има 14 поголеми вулкански острови и низа помали острови и карпи во Тихи Океан. Галапагос, кој има површина од 8.010 километри, се наоѓа на околу илјада километри од брегот на Еквадор.

Слично

Поврзани вести