Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се најмоќните луѓе на светот, кои прават што сакаат

Ова се најмоќните луѓе на светот, кои прават што сакаат

 На овогодинешната листа на Форбс за најмоќните луѓе на светот, по трет пат на прво место се најде рускиот претседател Владимир Путин.

Форбс оценува дека Путин „продолжува да биде еден од најмоќните луѓе на светот кои можат да прават што сакаат”. Претседателот и натаму ужива огромна популарност во Русија.

Списанието додава дека одлуката на Путин за инвазија во Сирија од страната на сирискиот претседател Башар ал Асад , ја зајакна улогата на рускиот лидер на меѓународен план.

На второ место е рангирана германската канцеларка Ангела Меркел.

Американскиот претседател Барак Обама пак, падна на третото место на листата за најмноќните луѓе во светот.

Поглаварот на римокатоличката црква, папата Фрањо е на четврто место, а веднаш зад него и Си Џинпинг, претседател на Народна Република Кина

На шестото место е рангиран основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, а на осмо место се најде британскиот премиер Дејвид Камерон.

Најмладиот член на листата е основачот на Фејсбук, Марк Зукерберк кој се најде на 19 место меѓу „моќниците”.

Слично

Поврзани вести