Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова се најистакнатите компании во светот

Ова се најистакнатите компании во светот
„Rolex“ и „Nestle“, за прв пат се најдоа на листата на топ 10 најреномирани компании во светот, според мислењето на потрошувачите. „BMW“ втора година по ред, го држи водечкото место. Според најновата годишна класификација на њујоршкиот институт за тестирање на угледот на компаниите „Reputation institute“, „Rolex“ го завзема третото место, а „Nestle“ деветото место, пренесува швајцарскиот весник „20 minit“. Компанијата „Volt Disney“ се наоѓа на второто место, „Google“ на четвртото, подобрувајќи ја својата положба во споредба со минатата година, „Daimler“ е на петтото место, „Sony“ на шестото, „Kanon“ на осмото, додека „Microsoft“ е на седмата позиција и „Lego“ на десетата позиција. Што се однесува на „Apple“ и „Volkswagen“, тие во 2013 година не се во групата од 10 најреномирани компании во светот. Њујоршкиот институт ова истражување го спроведе на примерок од 55.000 потрошувачи во светот, кои оценуваа повеќе критериуми за угледот на компаниите, како што е имиџот, квалитетот на производот, финансиската стабилност, иновативноста и општествената одговорност.
Слично

Поврзани вести