Ова се банките кои не го издржаа тестот – не би преживеале уште една рецесија!
Вкупно 25 банки во Европската унија не го поминаа тестот на Европската централна банка за издржливост на рецесија и други кризи. Од нив 13 веќе пронашле начин да го надоместат недостигот на капитал, но 12 и натаму се наоѓаат во опасната „црвена“ зона.
Банките имаат рок од девет месеци да ја зајакнат својата финансиска состојба, а во спротивно им се заканува затворање!
Според Би-Би-Си, ова се банките кои не го поминаа тестот на ЕЦБ:
Австрија: Оестеришихер Волксбанкен Вербунд
Белгија: АХА Банк Јуроп, Дексиа
Кипар: Хеленик Банк Паблик Компани, Банка на Кипар, Кооперативна Централна Банка
Германија: Минхенер Хипотекенбанк
Франција: Кес д Рефинансмент д л’Абитат
Грција: Јуробанк, Национална банка на Грција, Пиреус банк
Ирска: Перманент ТСБ
Италија: Банка Кариџ, Банка Монте деи Паски, Банка Пиколо Кредито Валтелинесе, Банка Пополаре ДелЕмилија Ромања, Банка Пополаре ди Милано, Банка Пополаре ди Сондрио, Банка Пополаре ди Виченца, Банка Пополаре Социета Кооператива, Венето Банка
Португалија: Банко Комерисал Португес
Словенија: Нова Кредитна Банка Марибор, Нова Љубљанска банка
Шпанија: Либербанк
Со дури девет ризични банки италијанскиот банкарски сектор е најзагрозен. По три банки што не го поминаа тестот имаат Кипар и Грција, по две Словенија и Белгија и по една Германија, Шпанија, Франција, Ирска, Австрија и Португалија.
Слично
