Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ НА УКРАИНЦИТЕ: Колку од нив планира да депортира Трамп?

ОВА НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ НА УКРАИНЦИТЕ: Колку од нив планира да депортира Трамп?

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го одземе правниот статус на 240.000 Украинци во САД, поради што е  можна забрзана депортација.

„Трамп планира да го отповика привремениот правен статус на околу 240.000 Украинци кои побегнале од конфликтот со Русија“, изјави висок функционер на администрацијата на Трамп и три извори запознаени со ова прашање.

Мерката се очекува да стапи во сила веќе во април, пренесува Ројтерс.

Планираното укинување на заштитата за Украинците беше во тек пред Трамп јавно да се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела. Овој потег е дел од пошироката стратегија на администрацијата на Трамп за одземање на правниот статус на повеќе од 1,8 милиони мигранти на кои им беше доделен привремен хуманитарен статус во САД за време на администрацијата на Џо Бајден.

Слично

Поврзани вести