Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест против масовниот туризам.

Според нив туризмот е причина за високите наеми и недостигот на станови, пренесе ДПА.

Многу од демонстрантите носеа плакати со натписи: „Малага не се продава” и „Ова не е туризам, ова е инвазија”. Според организаторите, на вчерашниот митинг учествувале околу 25.000 лица, иако шпанскиот весник „Паис” објави дека демонстрантите биле околу 15.000. 

Во Малага има повеќе од 12.000 законски регистрирани станови за одмор и по овој показател, градот се наоѓа на трето место во Шпанија по Мадрид и Барселона.

Газдите на многу приватни имоти во Малага и други градови примаат гости незаконски. 

Демонстрации против масовниот прилив на туристи имаше и во Мајорка, Барселона и на Канарските Острови. Во Шпанија чести гости се туристите од Обединетото Кралство, Германија, Франција. 

foto ЕPA

Слично

Поврзани вести