ОВА НЕ Е ПРВ ВАКОВ СЛУЧАЈ: Во пожар во караоке бар загинаа најмалку 23 луѓе
Најмалку 23 луѓе загинаа во пожар во караоке бар во Виетнам.
Пожарот изби во близина на градот Хо Ши Мин. За да се спасат четворица скокнале од вториот и третиот кат. Тие се здобиле со повреди, но преживеале. Има 40 повредени од кои 12 се сериозно. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот набргу по вклучувањето на алармот и им требало нешто помалку од еден час за да го изгаснат пожарот, пишува Би-Би-Си. Ова не е прв ваков случај. Минатиот месец тројца пожарникари загинаа при гаснење пожар во караоке бар во Ханој.
Слично
