Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

Израелските власти не се задоволни од фактот дека повеќе земји ќе ја признаат Палестина. Тие велат дека ова е награда за палестинската терористичка група Хамас. 

Крајно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, дојде во комплексот на џамијата Ал Акса во Источен Ерусалим, изјавувајќи дека светото место ѝ припаѓа „само на државата Израел“. Бен Гвир во видео порака вели дека „во нивниот потег да ја признаат Палестина, Норвешка, Шпанија и Ирска ги наградуваат Нукба, убијците и насилниците“.

Во неговата прва посета на светото место во Ерусалим од 7 октомври, Бен Гвир од планината на храмот изјави дека „дипломатското признавање на палестинската држава е еднакво на наградување на Хамас“.

Припадниците на елитните сили Нукба на Хамас го предводеа нападот на 7 октомври врз јужен Израел, при што беа убиени 1.200 луѓе, а 252 беа земени како заложници.

Џамијата Ал-Акса е третото најсвето место во исламот.

Израел денеска информираше дека го отповикува израелскиот амбасадор во Шпанија, откако ги повлече своите амбасадори во Ирска и Норвешка. 

Слично

Поврзани вести