Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ: Каде се живее нездраво, а каде луѓето пушат само 83 цигари годишно?

ОВА ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ: Каде се живее нездраво, а каде  луѓето пушат само 83 цигари годишно?

Источна Европа ја освои титулата на најнездравиот регион според рангирањето на веб-страницата на Clinic Compare.

Чешката република е земја каде што луѓето имаат најнездрав живот.

Ова покажа студија, a веб-страницата работеше со податоците на Светската здравствена организација, споредувајќи 179 земји со три индикатори:  употреба на алкохол,  пушење и дебелина. 

Чешка со 13,7 литри алкохол годишно по човек, е во првите 10 најнездрави земји.

На второ место е Русија, а зад неа следуваат Словенија, Белорусија, Словачка и Унгарија.

Литванија и САД се 10-ти на листата. 

Од друга страна, во првите 10 земји каде што луѓето водат здрав начин на живот, на највисоките позиции се Авганистан, Гвинеја, Нигер, Непал, Република Конго.

Авганистан е земја со најниска стапка на дебелина. Жителите пушат само 83 цигари годишно и пијат најмалку алкохол.

Слично

Поврзани вести