Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА ЌЕ СЕ УЧИ ВО УЧИЛИШТЕ: Русите го ставија планот на Трамп за мир во Украина во учебниците

ОВА ЌЕ СЕ УЧИ ВО УЧИЛИШТЕ: Русите го ставија планот на Трамп за мир во Украина во учебниците

Планот за мир во Украина  на американскиот претседател Доналд Трамп ќе се учи на часови во Русија. 

Дека планот ќе се најде во руските учебници, потврди помошникот на претседателот на Руската Федерација и еден од авторите на учебникот и претседател на Руското воено историско друштво, Владимир Медински. Тој рече дека живееме во историска ера. 

„Извонредните напори што ги прави новата администрација на САД за да се обиде разумно да го реши конфликтот во Украина и, воопшто, неверојатните трансформации во американската внатрешна политика на кои сега сме сведоци, несомнено ќе се појават на страниците на учебниците и за руската историја и за светската историја кога ќе се подготви следното издание. Овде можеме да кажеме дека Трамп дефинитивно влезе во историјата“, изјави Медински.

Трамп веќе најави дека Русија и Украина би можеле да склучат мировен договор во недела, на 27 април.

САД предупредија дека доколку мировните преговори пропаднат, тие ќе се повлечат од преговарачкиот процес.

Руската инвазија на Украина трае повеќе од три години. Трамп нагласи дека многу луѓе загинаа и дека ова мора да запре. 

Слично

Поврзани вести