Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОВА ЌЕ ГО БУТНЕ ЗЕЛЕНСКИ...“: се огласи Кремљ по одлуката на Трамп за Украина - еве на што се надева Путин

„ОВА ЌЕ ГО БУТНЕ ЗЕЛЕНСКИ...“: се огласи Кремљ по одлуката на Трамп за Украина - еве на што се надева Путин

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека се уште нема конкретни договори во врска со планираната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Турција и дека е рано да се зборува за можното место за следните преговори меѓу Русија и САД. Тој ја коментираше и одлуката на Трамп да го прекине испраќањето воена помош за Украина.

Во врска со прекинот на американската воена помош за Украина, Песков рече дека тоа е „најпозитивен придонес за мирот“.

Според него, прекинот на помошта може да го натера Киев да се вклучи во мировниот процес.

Песков ги поздрави изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за желбата да се постигне мир во Украина и рече дека ќе го следи развојот на ситуацијата.

Тој го коментираше и прашањето за американските санкции, велејќи дека Русија сè уште не слушнала официјални изјави за можноста за ублажување на санкциите, но дека нормализирањето на билатералните односи меѓу Русија и САД би подразбирало укинување на „негативниот товар“ на санкциите.


Слично

Поврзани вести