Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Напад денеска се случи во училиште во Московската област и ја вознемири јавноста поради можен расистички мотив.
Според досега достапните информации, напаѓачот, тинејџер на 15-годишна возраст, непосредно пред нападот им се обратил на учениците и ги прашувал за нивната националност. Сведоци тврдат дека потоа почнал да брка едно дете, извикувајќи расистички навреди.
Во нападот, со нож со неколку смртоносни убоди е убиен ученик на возраст од 10 години, додека уште тројца ученици и еден припадник на обезбедувањето биле повредени.
По крвавиот напад, и откако полициските сили веќе упаднале во училиштето, напаѓачот земал едно дете како заложник и се заклучил со него во училница, држејќи нож на вратот на детето. Полицијата успеала да ја скрши вратата и да го совлада напаѓачот пред тој да повреди уште едно дете.
фото принтскрин