ОВА ГИ НАВРЕДИ ЕВРЕИТЕ, НО И ЕВРОПА: ЕУ е Аушвиц, Џонсон е затвореник
„ЕУ е Аушвиц, Џонсон е логораш“ е порака која ја вознемири Европа.
Европската Унија ja прикажа на цртан филм како нацистичкиот логор Аушвиц.
Ова го направи италијанскиот цртач Марио Импорта. Неговиот гест предизвика бројни реакции во земјата, но и пошироко.
Премиерот на Британија, Борис Џонсон е прикажан на цртежот како затвореник кој бега.
Во филмот Италијанецот го прикажува Борис Џонсон како мавта со британското знаме и бега од концентрациониот логор со натпис ЕУ.
Еврејската заедница во Рим се побуни прва, но имаше и реакции од луѓето кои ја следат работата на Импорта.
Поради притисокот, Импрота вчера го смени цртаниот филм, заменувајќи ја сликата на нацистичкиот логор со тоалет.
Но, Импорта за медиумите изјави дека не жали и дека пак истото би во направил затоа што тоа е сатира. Тој го спомена и сатиричниот весник Шарли Ебдо.
Кога станува збор за логорот, околу 41 отсто од Американците немаат поим што е Аушвиц, логорот на смртта во Полска окупирана од нацистите, каде се убиени околу 1,1 милион луѓе.
