Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА ГИ НАЛУТИ ЕВРЕИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Во маркет се појавија торби со натпис „Среќен Хамас“

ОВА ГИ НАЛУТИ ЕВРЕИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Во маркет се појавија торби со натпис „Среќен Хамас“

Евреите во Австралија се навредени откако се појавија торби со контроверзен натпис. 

„Среќен Хамас“ е контроверзна божиќната торба која е повлечена од продажба во Австралија. Австралискиот трговец на мало Kmart беше принуден вчера да ја отстрани од продажба божиќната торба на која се испишани зборовите „Merry Ham-Mas“ по критиките од еврејските организации. Шарената торба со врвки, која може да се користи за складирање на божиќната шунка во фрижидер, веќе не може да се нарача на веб-страницата на Kmart.

Зборот „ham“ на англиски значи шунка и со него е заменет зборот „Христос“ на божиќната торба, но го задржал зборот „mas“ (или mass, што значи миса). Шунката е едно од јадењата што традиционално ги има на божиќната трпеза во Австралија. 

„Во оваа прилика направивме грешка и безрезервно се извинуваме. Кога го дизајниравме овој производ, очигледно не ги земавме предвид сите импликации и производот е отстранет од продажба“, рече портпаролот на Kmart во писмената изјава за Politico во четвртокот.

Австралиското еврејско здружение (АЈА) побара да го повлечат производот. Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел и уби 1.400 луѓе, најголем дел цивили. Во светот имаше напади на Евреи поради операцијата на Израел во Појасот Газа каде загинаа над 10.500 Палестинци. 

фото притскрин

Слично

Поврзани вести