Ова е жената заради која Фејсбук заработува милијарди!
Да не беше Шерил Сандберг, Фејсбук веројатно одамна ќе пропаднеше. Оваа компанија не заработува од добрата идеја, туку од рекламниот простор, а токму таа го осмисли овој начин на заработка на најпопуларната социјална мрежа во светот.
Во 2008 година, Фејсбук доби вистински замав на светскиот пазар, но младиот Марк Цукерберг немал апсолутно никакво искуство во водењето на компанија од тие размери. На негова среќа, тогашната претседателка за глобални операции на онлајн продажба во Гугл, генијалка во светот на бизнисот, Шерил Сандберг, токму тогаш барала нова работа.
Двајцата се запознале на божиќна забава кај некогашниот директор на Јаху Ден Розенвејг, по што договориле меѓусебна соработка.
Продажбата на рекламен простор на Фејсбук дотогаш била минимална, но Сандберг ги презела работите во свои раце и за многу кратко време, до 2010 година, успеала да ја претвори оваа социјална мрежа во исклучително профитабилна компанија.
Од 2008 до 2011 година, бројот на вработени во Фејсбук се зголемил од 130 на 2.500, а бројот на корисници од 70 милиони на 700 милиони. Сандберг ја креирала целата финансиска политика на Фејсбук, како што претходно правеше и со Гугл, а компанијата ја претвори во светски феномен.
Слично
