Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е земја во Европа за која мал број луѓе слушнале

Ова е земја во Европа за која мал број луѓе слушнале

Некогашната автономна советска социјалистичка република во внатрешноста на границите на Грузија прогласила независност во 1992 година, а ја признале Русија, Никарагва, Венецуела и Науру, како и Јужна Осетија и Придњестровље.

За земјата помеѓу Кавказ и Црното море слушнал само мал процент на луѓе, а причината за тоа е што ја нема на мапа.

Меѓународните организации како што се ОН, Европската комисија, НАТО, Светската трговска организација, Советот на Европа и повеќето суверени држави ја признаваат Апхазија како дел од Грузија и го поддржуваат нејзиниот територијален интегритет.

Главниот град на Апхазија е Сухуми, приморски град сместен на источниот брег на Црното море. Во периодот на поранешниот Советски Сојуз, Апхазија била омилено летувалиште и одморалиште за сите вљубеници во природата.

Остатоците од римските ѕидини, дворци, Беслетскиот мост од 12-тиот век како и ботаничката градина со повеќе од 5000 растителни видови од 1840 година се само дел од атракциите на Сухуми.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести