ОВА Е ЗА ПОЧИТ: ПО ПОВЕЌЕ ОД 27 ЧАСА НА ОПЕРАЦИОНАТА МАСА - лекарите успеаја да раздвојат сијамски близначиња
Сијамски близнаци чии глави биле споени при раѓање, биле успешно разделени во Бразил, јавува Би-Би-Си.
Момчињата сега се на рехабилитација
Во Рио де Жанеиро е направена комплицираната операција. Медицинскиот персонал, предводен од британскиот педијатриски хирург Нур ул Овас Јелани од лондонската болница Грејт Ормонд Стрит и д-р Габриел Муфареја од Instituto Estadual Cerebro Paulo Niemeier, успеале да ги разделат споените близнаци.

Хирурзите со месеци вежбале за оваа операција во виртуелна реалност.
На браќата Бернардо и Артур Лима им беа извршени вкупно седум операции, од кои претпоследната траеше шест часа, а последната над 27. Во нив учествуваа речиси 100 членови на медицинскиот персонал.
„Успешната разделба на Бернард и Артур е извонредно достигнување за тимот на Рио и фантастичен пример зошто активноста на Gemini Untwined е толку вредна“, рече д-р Јелани.
Тимот хирурзи помина многу недели подготвувајќи се за операцијата, проверувајќи ги најсоодветните техники. Во тоа помогнаа проекциите во виртуелна реалност, кои беа создадени благодарение на слики од компјутерска томографија и магнетна резонанца.
- За секоја почит. За време на операцијата од 27 часа, докторот имаше само четири паузи од по 15 минути. Глетката на среќното семејство, сепак, го награди за сите маки што беа поврзани со постапката.
