ОВА Е ВТОРИОТ НАЈГОЛЕМ ДИЈАМАНТ НА СВЕТОТ: Во која земја е ископан?
Пронајден е вториот најголем дијамант на светот.
Канадската компанија „Лукара“ (Lucara Diamond Corp.) објави денеска дека ископала дијамант од 2.492 карати, најголемиот дијамант некогаш откриен во Боцвана и втор по големина во светот.
Дијамантот е ископан во рудникот Карове во северно-централна Боцвана.
„Ова откритие не само што го покажува исклучителниот потенцијал на нашиот рудник Карова, туку ја поддржува и нашата стратешка инвестиција во најсовремената технологија KSRT“, изјави претседателот и главен извршен директор на „Лукара“ Вилијам Ламб.
Претходно, во овој рудник се откриени дијамант од 1.758 карати во 2019 година, но и дијамант од 1.109 карати во 2015 година.
фото принтскрин
Слично
