Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е уредот што ќе стави крај на кредитната картичка

Ова е уредот што ќе стави крај на кредитната картичка
Дали би сакале во вашиот паричник да не ви се таложат кредитни картички, картички за намалувања во супермаркетите , гифт картички и картички од фитнес салите? Тоа е идејата на креаторите на картичката Coin . Според оваа идеја, сите картички кои се акумулирани во историјата на еден корисник , ќе можат да бидат собрани на едно место. За да се постигне ова , треба да инсталирате апликација на вашиот smartphone , а потоа да го поврзете со минитерминал кој ги скенира вашите картички од двете страни . Според производителот, можностите за зачувување на податоци на апликацијата не се ограничени , но самата картичка Coin може да собере информации од 8 картички . За да одберете која ви треба во моментов , доволно е да притиснете едно копче. Големината на Coin е како стандардна кредитна картичка - толку тенка , со сличен систем за заштита , но малку подобрена. Како дополнување на стандардната лозинка, на пример , ако сте ја изгубиле некаде картичката , Bluetooth сензор ќе ви покаже каде се наоѓа таа. Бидејќи картата е синхронизирана со смартфонот, ќе добивате известувања за сите дејства извршени со неа . Батеријата е наменета за 2 години употреба. Засега уредот е достапен само во САД , а како финализација ќе биде завршен во 2014 година. Планирано е цената на картата да е околу 100 долари. Ако уредот постигне успех на пазарот , тогаш постојат шанси да се замени стандардната кредитна картичка .
Слично

Поврзани вести