Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР МОНАСТИРСКИ КОЈ ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРОТ - Герашченко изрази најдлабоко сочувство за трагичната загуба

ОВА Е УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР МОНАСТИРСКИ КОЈ ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРОТ - Герашченко изрази најдлабоко сочувство за трагичната загуба

Како што веќе објавивме, хеликоптер се урна денеска во близина на градинка и станбена зграда во градот Бровари, недалеку од главниот град на Украина Киев, а има жртви, изјави регионалниот гувернер.

„Во моментот на оваа трагедија, децата и вработените во институцијата беа во градинката. Сите сега се евакуирани“, напиша гувернерот на регионот Киев, Олексеј Кулеба, на апликацијата за пораки Телеграм.

Полицијата соопшти дека во хеликоптерската несреќа загинале најмалку 16 лица, меѓу кои и две деца. Меѓу загинатите се министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот прв заменик Јевген Јенин и државниот секретар во Министерството Јуриј Лубковиќ, соопшти Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи.

„Моите колеги, моите пријатели. Каква трагична загуба. Најдлабоко сочувство до нивните семејства“, објави Герашченко.

Се уште не е јасно што ја предизвикало падот на хеликоптерот. Русија не коментираше, а украинските власти не спомнаа никаков руски напад во областа. „Добиваме информации за жртвите и околностите“, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател.

Фото: Твитер

Слично

Поврзани вести