Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е убиецот од Санкт Петербург: Киргистанец со руско државјанство направи масакр во метрото

Ова е убиецот од Санкт Петербург: Киргистанец со руско државјанство направи масакр во метрото

Бомбашот самоубиец кој го извршил нападот на метро станицата во  Санкт Петербург е со потекло од Киргистан, потврдија денес безбедносните служби на таа централно азиска земја.

„Бомбашот самоубиец во метрото во Санкт Петербург е државјанин на Киргистан Акбарјон Џаилов, роден во 1995 “ рекол потртпаролот на киргистанските безбедносни служби и додал дека е можно напаѓачот да добил руско државјанство.

Руските медиуми претходно пренесоа дека се верува оти осомничениот напаѓач на метро станицата во Санкт Петербург, каде загинаа 11 луѓе а 45 се повредени, е со потекло од Централна Азија и дека бил поврзан со радикалните исламистички групи.

Слично

Поврзани вести