Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е ТРКА СО ВРЕМЕТО: Mилиони луѓе се евакуираат во јужен Пакистан

ОВА Е ТРКА СО ВРЕМЕТО: Mилиони луѓе се евакуираат во јужен Пакистан

Во тек e евакуација на милиони луѓе во јужен Пакистан. 

Станува збор за луѓе од оддалечените села, додека регионот со страв го исчекува надоаѓањето на водите кои се спуштаат од северот. 

„Спасувачките напори во покраината Синд, најтешко погодена во низата поплави од средината на јуни, се поддржувани од воени хеликоптери и чамци. Ова е трка со времето“, изјавил портпаролот на покраинската влада Муртеза Вахаб.

Пакистанската река Инд, која тече од Хималаи до Арапското Море на југот, повторно се излеала од коритото по продолжените врнежи во планината минатата седмица. Скоро 20.000 кубни метри вода во секунда течат низводно и наскоро ќе дојде до поголемите градови во Синд, предупреди агенцијата за управување со катастрофи.

 Агенциите на Обединетите нации во четвртокот предупредија дека милиони деца и бремени жени се во опасност и дека им е неопходна итна хуманитарна помош. На северот од земјата неколку градови сѐ уште се поплавени иако дождот престанал да врне пред една седмица, а илјадници се без храна и засолниште. Во поплавите во Пакистан досега загинале 1.208 луѓе, а се очекува дека оваа бројка ќе расте. Пакистанците велат дека се чувствуваат како бегалци во сопствената земја. Третина од Пакистан е под вода. 

Слично

Поврзани вести