Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ова е ставот на Кина и Русија за случувањата со Северна Кореја

Ова е ставот на Кина и Русија за случувањата со Северна Кореја

Северна Кореја тестираше уште еден проектил кој го надлета регионот на северна Јапонија, објави јапонската Влада.

По ова се огласија официјален Пекинг и Москва. 

Кинеската влада  предупреди денеска дека тензиите на Корејскиот Полуостров достигнале „критична точка“ откако Северна Кореја лансираше балистичка ракета преку Северна Јапонија.

Кинеските власти велат дека делумна вина за тензиите во регионот имаат и САД и повикува да запрат провокациите од сите инволвирани страни.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Кина, Хуа Чун Јинг денеска побара Пјонгјанг да го запре тестирањето на новите модели ракети во замена за прекин на заедничките Американско – Јужнокорејски воени вежби.

„Состојбата сега ја достигна критичната точка која што води кон криза“- изјави Хуа. 

Таа вели  дека има шанса за повторно започнување на мировни разговори.

Според официјален Пекинг, САД и Јужна Кореја одржувале една по друга воени вежби и со тоа извршиле воен притисок на Северна Кореја иако,  притисокот и санкции не можат да ја решат основата на проблемот.

Најновиот ракетен тест на Северна Кореја покажува дека заканата на Пјонгјанг за лансирање ракети во близина на територијата на САД не е блеф, изјави Константин Косачов, шефот на Меѓународниот комитет на Советот на Руската Федерација.

Тој смета дека неодамна усвоената резолуција на Советот за безбедност на ОН која се однесува на ракетната програма на Северна Кореја не ја постигнала целта бидејќи „ситуацијата се претвори во билатерален спор меѓу Северна Кореја и САД“. 

Слично

Поврзани вести