Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е САМО ПОЧЕТОК: Колку руски бродови уништи Украина за една година?

ОВА Е САМО ПОЧЕТОК: Колку руски бродови уништи Украина за една година?

Украина и натаму ќе цели да ги уништува руските бродови. Поморски беспилотни летала погодија осум бродови на Црноморската флота на Русија за една година. 

Станува збор за бродовите „Адмирал Макаров“, „Иван Голубец“, „Иван Курс“, „Сергиј Котов“, „Оил Бикон“, „Новоросијск“, „Акула“ и „Серна“. Информацијата ја потврди вицепремиерот за иновации, развој на образованието, науката и технологијата и министер за дигитална трансформација Михаил Федоров, пренесува Укринформ.

Федоров кажа дека целиот свет е веќе фасциниран од нападите со украински беспилотни летала и дека ова е само почеток.

„Продолжуваме да ја развиваме и подобруваме технологијата, така што ќе има повеќе вести за погодените руски бродови. Благодарност до сите што го поддржуваат UNITED24 и помагаат“, кажа тој.

На 11 ноември лани, украинскиот претседател Володимир Зеленски го објави создавањето на првата светска флота од сто поморски беспилотни летала. Донациите се собираат преку платформата за прибирање финансиски средства United24. Еден уред вреди 10 милиони гривни (околу 250.000 евра).

Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Украина не планира да прави компромис со Русија. Но, војната меѓу Израел и Хамас го одвлече вниманието од овој конфликт. Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека дури и ако Доналд Трамп стане претседател на САД и ако САД се откаже од помошта за Украина, земјата ќе продолжи да се бори против Русија. 

Слично

Поврзани вести