ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази уверување дека привременото отстапување на територијата на Русија ќе биде опција за брз крај на украинската војна.
„Потребна ни е линија за прекин на огнот и, се разбира, идеално таа треба да ги покрива сите територии кои Русија во моментов ги контролира, но гледаме дека тоа не е многу реално во блиска иднина. Украина би можела привремено да отстапи дел од своите територии за ова цел“, рече тој. е тој, пренесува Тагешсау.
Столтенберг рече и дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремени територијални отстапки.
Според него, тоа би можело да биде членство во Алијансата, но има и други начини за вооружување и поддршка на Украинците.
Столтенберг претходно објасни дека земјите-членки на НАТО треба да одлучат дали ќе ја поканат Украина да се приклучи на Алијансата додека дел од нејзината територија е окупирана.
„Се разбира, ако кажеме дека единствениот начин Украина да стане членка е војната да заврши и Украина да има целосна контрола врз целата украинска територија, тогаш на рускиот претседател Владимир Путин му го даваме секој поттик да најде начин да продолжи со војната“, рече Столтенберг во претходните говори.
Б92