Ова е пушката што ќе го замени легендарниот Калашников
Руската армија по долги теренски тестови ја одобри употребата на моделот АК-12 кој ќе биде замена за легендарната пушка Калашников измислена на крајот на Втората светска војна од истоимениот ранет војник кој првите дизајни ги направил уште додека бил на болничко лекување.

По 7 децении руската армија ќе добие модернизирана верзија на Калашниковот со поефикасна муниција, поевтина изработка што ќе ги намали буџетите за одбраната и поголема компактност и мобилност на пушката. АК-12 има и современи додатоци за стабилизирање, прецизност и можности за модификација на различни стилови на пукање и воени задачи.
Слично
