Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОВА Е ПОРАКА ЗА РУСИЈА: НАТО ја започнува мисијата „Источна стража“

ОВА Е ПОРАКА ЗА РУСИЈА: НАТО ја започнува мисијата „Источна стража“

НАТО денеска почнува нова мисија за зајакнување на одбраната на источниот крило на Европа како одговор на руските упади на беспилотни летала во полскиот воздушен простор претходно оваа недела, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Руте објави дека операцијата, наречена „Источна стража“, ќе започне вечерва и ќе вклучува воздушни и копнени бази, објави „Ројтерс“.

Зборувајќи за упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, Руте рече дека „тоа е неодговорно и неприфатливо“.

Според него, досега Данска, Франција, Обединетото Кралство и Германија се обврзале на мисијата, а други земји-членки на НАТО ќе се приклучат.

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, Алексус Гринкевич, изјави дека НАТО ќе ја брани секоја педа од територијата на своите земји-членки.

Тој во четврток изјави дека Германија трајно ќе стационира бригада од својата армија во Литванија.

Слично

Поврзани вести