Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oва е поголема опасност од напливот на џихадистите

Oва е поголема опасност од напливот на џихадистите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека електричната ограда по должината на границата со Египет го спаси Израел од напади на џихадистите, но и од бранот африкански мигранти. 

Тој вели дека тие претставуваат уште поголема закана за државата. 

„Зборуваме за една еврејска и демократска држава, но како можеме да се обезбеди таква состојба ако дојдат прво 50.000, потоа 100.000 и 150.000 мигранти за една година? По милион или милион и пол, можеби би требало да се затвориме. Но, не се затворивме, туку изградивме ограда“- рече Нетанјаху.

Од Министерство за внатрешни работи на Израел објавија дека во моментов во државата има околу 42.000 африкански мигранти. Тие најчесто доаѓаат од Судан и Еритреја. Владата одлучи дека илјадници од нив мора да ја напуштат земјата,  а ако тоа не го сторат ќе бидат затворени на неодредено време, пренесе АФП.

Слично

Поврзани вести